Ибраим Исмаили(46), скопјанецот кој беше убиен вчера вечерта во скопската населба Ченто, имал дебело полициско досие и бил извршител на разни криминални дела како изнуда, лихварство и слично, пишува МКД.МК.
Полицијата испитува дали неговото убиство е поврзано со убиството на Џељал Ајети кој во ноември минатата година исто така беше убиен во населбата Ченто, во неговата чајџилница. Исмаили бил член на друга соперничка група која била во конфликт со онаа на која и припаѓаше Ајети.
Исмаили беше убиен вчера околу 22,30 часот на улицата Алија Авдовиќ, во близина на црквата во населбата. Бил изрешетан со огнено оружје од две непознати лица додека седел во својот паркиран автомобил „мерцедес“.