Убиецот бил поранешен боксер децата не го познавале а жената била разведена


Двете убиени жени не биле во роднинска врска со убиецот. Соседите во скопски Аеродром каде утрово се случи двојно убиство и самоубиство велат дека убиената жена воопшто не му била сопруга на убиецот.

ubistvo aerdromТие не знаат дали и какви релации имало меѓу нив, но велат дека таа била разведена и немала сопруг. Според нив, децата кои сведочеле на убиството, на возраст од 7 и 10 години, воопшто не го познавале човекот кој ја убил нивната мајка и нејзината сестра.

Сестрата пак, најверојатно била на гости, бидејќи таа воопшто не живеела во станот на петтиот спрат во зградата со број 44 во скопски Аеродром каде се случил хоророт.
Според соседите, жената работела во продавница за кинеска роба во истата населба.

За мажот велат дека го познаваат како поранешен боксер.

Ужас во скопски Аеродром: Пред децата ја убил мајката и нејзината сестра па се самоубил

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1