Полицијата истражува дали на пејачката и пресудил поранешен разбојник од Борча кој ден по најавата за апсење извршил самоубиство.
Криминалецот од Борча, чив идентитет не е соопштен, е пронајден обесен во својата куќа, а инспекторите проверуваат дали тој може да е поврзан по свирепото убиство на пејачката Јелена Крсмановиќ, пренесува српски Курир.
Индикативно е дека неговото тело е пронајдено откако државниот врв најави дека убиецот ќе биде наскоро уапсен.
Дополнителните информации ќе ги соопшти српската полиција во текот на денот.