Убиецот на лавот Сесил ја затвори ординацијата, добива навреди и закани од луѓето


Двајцата обвинети денеска ќе се појават на прво сослушување во судот во градот Викторија Фолс во Зимбабве и доколку се докаже нивната вина може да заработат затворска казна во траење до 15 години.

Лавот Сесил, познат по својата црна грива и омилена цел за фотографирање на сафари-туристите во Хванге, беше застрелан минатата недела од американскиот забар Волтер Палмер.

– Лавот бил застрелан надвор од паркот со лак и стрела и со ловџиска пушка. Потоа му била отсечена главата и одрана кожата, соопшти специјализираната агенција за заштита на дивите животни во Зимбабве, која прва алармираше за случајот.

Американцеот, познат како страствен ловџија, изјави дека „длабоко жали“ за убиството на лавот, но се брани дека воопшто не знаел за каков лав станува збор, ниту за тоа дека тој бил прогласен за „икона“ на Националниот парк.

Властите во Зимбабве ја испитуваат можноста да биде обвинет и американскиот ловџија поради лов без дозвола.

За него се знае дека во 2006 година бил казнет со три илјади долари, како и со условна забрана за ловење од една година, затоа што има убиено мечка во шумите на американска сојузна држава Висконсин.

Медиумите во Хараре наведуваат дека Американецот за застрелувањето на лавот Сесил платил повече од 50.000 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1