Убиецот на Немцов се самоуби со граната


Осомничен за вмешаност во убиството на Борис Немцов се самоубил  со граната во Грозни, соопшти Интерфакс, повикувајќи се на извор од органите на прогонот.

Според изворот, осомничениот бил опколен од полициски службеници во стан на улицата “Лав Јашин” во чеченскиот главен град. Во одговор на наредбата на полицајците да се предаде тој покажал отпор, и  фрлил по нив една граната, а со втората  се разнел.nemcov

При детонацијата  на гранатата тој добил повреди  и починал на самото место.

Никој од инволвираните полицајци не е повреден.

На 7 март за убиството на опозицискиот лидер Борис Немцов беа приведени Анзор Губашев и Заур Дадаев. Потоа стана познато дека се приведени уште две лица – помалиот брат на Губашев и непознат маж, кој во моментот на убиството бил со Дадаев во автомобилот од кој било пукано во  Немцов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1