Убиецот на пејачката Кристина Грими е нејзин фан кој бил психички нестабилна личност


Полицијата на Флорида соопштила дека убиецот на младата пејачка Кристина Грими (22) која беше застрелана во петокот по завршувањето на нејзиниот концерт во Орландо, е Кевин Лоибл, нејзин обожавател кој бил психички нестабилна личност.

Се верува дека Кевин на концертот на Кристина дошол со намера да ја убие, со оглед на тоа што бил добро вооружен. Истражителите потврдиле дека станува збор за 27-годишно момче од градот Сент Петерсбург на Флорида, кој покрај двата пиштола кај себе имал и ловечки нож.b_160612003

Лоибл пукал на Грими во моментот кога потпишувала автограми , а потоа извршил самоубиство. Грими имала само 22 години и е поранешна учесничка на музичкото шоу „Д Воис“.

Полицијата во моментот ги истражува деталите за убиството, но има претпоставки дека Лоибл не ја познавал лично пејачката и дека не ја следел претходно.

Бројни јавни личности на социјалните мрежи го коментирале убиството на младата пејачка. Фронтменот на групата „Марун фајв“, кој во „Д Воис“ бил нејзин тренер изјавил дека е скршен од веста.

– Ова е неверојатно и бесмислено. Како може да случи ова во нашиот свет – изјавил пејачот Адам Левин.

На интернет се огласил и Ашер кој изјавил дека Грими имала неверојатна душа и глас и дека нејзиното дело вечно ќе трае.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1