Уште еден зет, овојпат професионален војник кој исто така дури три пати бил пријавуван за семејно насилство, синоќа извршил тројно убиство. Според првичните информации Д.М. убиството го извршил со армискиот „калашников”, јавува МКД.мк.
Тој пред убиството бил на стража во армиски објект во Куманово и од таму, по завршување на смената си го зел и автоматот. Во Злетово тој ги убил родителите на неговата сопруга со која се разведувал и пазарен инспектор, исто така негов познаник, за кој се сомневал дека бил во врска со неговата сопруга. Убиени се Илија М. (65) и Јана М. (63), и инспекторот Методи М. (51). Тој бил убиен во друга куќа.
Случајот во полиција го пријавила ќерката на убиените сопружници, сопруга на убиецот, која во моментот на убиството била во својата куќа која се наоѓа во близина на нејзините родители.
Убиецот кој утрово изврши тројно убиство во Злетово е пронајден обесен во бачило во близина на градот, потврдуаат полициски извори за Press24. Наскоро се најавуваат повеќе детали.