Убијците на деца во затвор живеат поубаво од нас – Исповед на таткото на Тијана


-После смртта на Тијана сакав тоа да биде последен таков случај, а убиството на тригодишното дете од Заечар, потполно ме порази, шокиран сум од направеното ѕверство и ова е уште една потврда дека монструмите се меѓу нас, живеат со нас, ни доаѓаат дома, играат со нашите деца. Ова што се случи е пораз на целото општество, а како татко на настраданото дете, дополнително сум погоден, коментира за српски Курир, Игор Јуриќ, татко на брутално убиената Тијана.tijana-juric-igor-juric-bajmok-01

Според него, после убиството на неговата ќерка не можел да замисли дека може да се случи погнасно злосторство на недолжно дете.

-Убиецот на моето дете денеска во затвор живее подобро од половина жители во нашата земја, имаат клима, сала за вежбање, ТВ и сето тоа им е платено. Така се служи казната за одземање живот на дете. Тоа не само што е болно за членовите на семејството на жртвата, туку е срамно и комн жртвите. Сочувствувам со семејството на настраданото девојче, рекол Јуриќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1