Убил 350 девојчиња и исчезнал – никој не знае каде е монструмот од Андите


Педро Алонсо Лопез од Колумбија, познат и како Монструм од Андите, е виновен, според сопственото признание, за убиство на повеќе од 350 девојчиња, на возраст од 8 до 12 години во Еквадор, Перу и Колумбија. Многумина веруваат дека вистинската бројка е далеку поголема.

465308_lopez_ffПо 16 години минати во затвор во Еквадор, и пет години во душевната болница во Колумбија, во 1998 година е прогласен за излечен и пуштен на слобода. Монструмот кој тврдеше дека повторно ќе убива штом биде ослободен, од тогаш му се губи секаков траг. Никој не знае дали некаде го достигнала заслужената казна, или и понатаму неказнето хара во зафрлените краеви на Јужна Америка.

Лопес е роден во 1948 година во Колумбијското место Толми, како седмо од 13-те деца на сиромашна проститутка во најнесреќниот период на граѓанската војна, кога стапката на злочин во оваа земја била околу 50 пати поголема од другите. Мајката во осмата година од неговиот живот го исфрлила на улица, откако го фатила како има секс со родената сестра. Оттогаш, тој гладувал, просел, и како како што самиот тврди, во повеќе наврати бил жртва на брутално сексуално злоставување.

Од 18 година е во затвор поради кражба на автомобил. Таму доживеал групно силување. Тој се осветил убивајќи ги тројца од четворицата, а по излегувањето од затвор почнува крвавиот пир. За начинот на кој оперирал најдобро сведочи единственото интервју кое кратко време пред излегувањето на слобода го дал на новинарите „Нешенел Егземинер“.

Им требаше 15 минути да умрат. Бев многу внимателен Јас сум човек на векот. Никогаш нема да ме заборават“, се пофали Монструмот. „Жртвите ги барав на пазарите, а барав девојчиња со одреден изглед на лицето – убави и невини. Требаше да биде добра девојка, која работи со својата мајка. Понекогаш ја пратев и по два до три дена, чекајќи да остане сама. Ќе и дадев подарок, како огледалце, и ќе ја земев надвор од градот, каде што ветив дека ќе и го дадам подарокот за нејзината мајка. Потоа ќе ја одведев во тајната скривница, каде што ја чекаше подготвен гробот. Понекогаш во него беа и телата на претходните жртви. На почетокот ги мазев, а во зората ги силував. Со излезот на сонцето се возбудував.

Pedro-Alonso-Lopez-12103226-1-402Ги присилував девојчињата на секс, па со рацете ќе ги фатев околу вратот и ги давев додека сонцето не изгрееше. Им требаше 15 минути да умрат. Бев многу внимателен. Долго бев со нив, за да се уверам дека се мртви. Никогаш не врескаа, поради тоа што не очекуваа дека нешто ќе се случи. Тие беа невини. На моите мали другарки им се допаѓаше друштвото. Често ги ставав и по три или четири во ист гроб. Но, по некое време ќе ми здосадеа, затоа што не се движеа, па ќе побарав уште девојчиња.

Тоа беше божествен момент додека ги држев за вратот Морав да ги гледам на дневна светлина. Тоа беше божествен момент, кога ги држев за вратот. Ги гледав девојчињата во очи и гледав како светлото, таа искра наеднаш исчезнува. Моментот на смртта е впечатлив и возбудлив. Само оние кои само убивале можат тоа да го разберат. Кога ќе ме пуштат на слобода, повторно ќе го почувствувам тој момент, ветил монструмот кој за секој земен детски живот во затвор минал околу месец дена.

Познато е да по првото убиство на домородните девојки во Еквадор, локалните индијанци, ги откривале, фаќале, мачеле и ги зкопувале во земја до вратот. Неколку христијански мисионери во меѓувреме го ослободија и му овозможија да побегне, по што ја продолжил својата гнасна работа. Дали нешто слично се случило, и дали се уште е на слобода, и трага по невинити животи, можеби ќе остане мистерија која никогаш нема да биде разоткриена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1