Убила 3 мажи и ги закопала – се обидела да избоде уште 2 но не успеала


Британката Џоана Денехи од Питерборо во источна Англија, признала денеска пред судот дека убила тројца мажи и се обидела да убие уште двајца

18112013202518_police trakaТелата на тројцата убиени пронајдени се во дупка во март и април, со многу убодни рани.

-Ја признавам вината и тоа е тоа- рече 30 годишната Британка.

Кевил Ли (48),Лукас Слабошевски (31) и Џон Чепмен (56) пронајдени се фрлени во дупка во околината на Питерборо.

Нејзиниот шокиран адвокат Најџел Ликли рече дека не очекувал ваков тек на сослушувањето.

Пред судијата Денехи се појави со своето момче Гери Ричардсон, кој ја отфрли вината за обид за убиство и три точки од обвинението за спречување на погребување.

Уште двајца обвинети, Лесли Лејтон (36) и Роберт Мур (55) на сослушувањето учествуваа преку видео линк.
Полицијата за Денехи организираше потрага во цела Британија, предупредувајќи ги граѓаните да не и приоѓаат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1