Полицијата во Ирак соопшти дека вооружени лица убиле најмалку 33 луѓе, меѓу кои 29 жени, при напад на две згради во станбен комплекс во Багдад.
Полицијата соопшти дека вооружените лица стигнале со автомобили и упаднале во зградатс во соседството Зајуна во источниот дел на Багдад.
Според полицијата најмалку 18 луѓе се ранети.
Претставник на министерството за внатрешни работи и претставници на блницата ја потврдија бројката н ажртвите.
Официјално, мотивот за нападот не е познат.
Анонимен извор од полицијата изјави дека на една од зградите со црна боја биле испишани зборовите: “Ова е казна за оние кои се проституираат”.