Српскиот Курир денеска ја објави сторијата за зграда во Белград која е дефинитивно проколната.
Приказната за таткото на две дечиња кој во четвртокот околу 11 часот скокна од висококатницата, ги потресе граѓаните. Она што е пошокантно е фактот дека ова не е прво убиство или самоубиство кое се случува на ова место.
Во оваа зграда пред точно 15 години загина млада девојка која тогаш падна од 10-от спрат. Пензионер се уби со пиштол во својот стан, а младо момче за чудо преживеа пад од осмиот кат.
Исто така, станарите една година биле преплашени кога избил голем пожар од кој едвај се спасиле. Во оваа зграда живее и семејството Пренковиќ, чија ќеркичка беше киднапирана пред извесно време од француски државјани, по што цела Србија се крена на нозе.
Дефинитивно станарите сметаа дека е проклета и дека крие во себе мрачна тајна