УБИСТВО НА МЕВЉАНА: Обвинетите не се покајаа – се бара доживотен затвор, пресуда во петок


Максимални казни за обвинетите за смртта на тригодишната Мевљана која беше претепана до смрт побара обвинителството, објави Телма.

– Убиството е безимлосен чин на соизвршителство, а одбраната е преполна со кондтрадикторности. Одбраната тврди дека девојчето паднало по скали но судска медицина и форензиката точно потврди дека детето е претепано до смрт. Отежителните околности се на преден план, за банална причина да се убие дете а потоа тоа да се прикрие, рече обвинителот.mevljam-500

Наспроти обвинителството одбраната на невенчаните Јасмина и Џемаил тврди дека детето паднало по скали. И двајцата пред судот се колнеа дека не го тепале девојчето оти имаат и свои деца.

– Татко сум на 4 деца, јас знам што е дете. Нема сила ја тоа да сум го направил. Не сме ние , она падна по скали, рече обвинетиот Џемаил Саити.

Но за обвинителството тоа што Џемаил има 4 деца не му ја намалува одговорноста бидејќи и со нив не бил воспоставен здрав однос. Токму тие деца се крунски сведоци на тепањето на детето на соседката. Тие кажаа дека со скарт кабел и боксови малата Мевљана била претепана бидејќи извршила нужда на килимот во дневната соба. Обдукцијата покажа скршеници по целото тело, а и нагмечувања на главата кои биле добиени од удар со тупаница. Судот соопшти дека пресудата ќе биде објавена во петок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1