Колумбиските власти соопштија дека по вчерашната победа на Колумбија над Уругвај со 2:0 е убиена жена, а постојат сомневања дека во прашање е намерно убиство.
Првично било соопштено дека 25 годишна девојка настрадала во пукотници за време на славјето во Богота, но полицијата подоцна известила дека се работи за убиство со умисла.
-Убиецот со моторцикл отворил оган врз тројца луѓе, изјавиле од колумбиската полиција.
Имено, за време на славјето повредени се пет лица, а во колумбискиот главен град избиле и 274 тепачки.