Маж од Узбекистан кој во Москва работел како фризер избоден е до смрт откако муштерија по шишањето не бил задоволен од фризурата.
Напаѓачот е уапсен, а снимката од убиството е објавена на социјалните мрежи и предизвика голема бура во Русија.
Приказната за тоа што се случило, како и снимката, прво на својот Фејсбук профил ја објави пратеникот од Думата Антон Бељаков, наведувајќи дека еден од неговите пријатели ја познавал жртвата, како и тоа дека бил добар фризер.
Убиениот маж е идентификуван како 24-годишниот Дастан Адеканов од Узбекистан.
Бељаков наведе дека судирот почнал откако Адеканов во четвортокот отишол на шишање кај еден ма кој му наплатил 200 рубљи (100 денари) што е ниска цена за московските стандарди.
Меѓутоа мажот незадволен од својата фризура во петокот се вратил да се пожари. Персоналот се обидел да го смири и да му ја поправи фризурата, но нему не му се допаднала ниту една опција. Неколку минути подоцна мажот од Дастан Адеканов го извлекол на улица.
На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа ко момче во црна јакна (Адеканов) го брка маж во сиво-жолта маичка додека во раце држи остар предмет. Мажот потоа Адеканов го избодува неколку пати, а додека минувачите стојат и гледаат. Адеканов паѓа и повеќе не мрда.
Тој починал пред да дојде брзата помош.
Автентичноста на снимката не е потврдена, но од полиција наведоа дека е покрената истрага против 26-годишен маж обвинет за убиство. Во соопштението на полицијата се наведуваат имиња, но се истакнува дека е убиен 24-годишен маж, дека напаѓачот е уапсен и дека го признал убиството.