Скопјанец (65) утрово е пронајден мртов во неговата фирма во скопски Чаир.
Жртвата била застрелана повеќе пати по целото тело. Убиениот бил сопственик на фирмата која се занимавала со градежни материјали.
Полицијата заврши со увидот, а на местото на злосторството се најдени траги од крв и чаури.
МВР работи на расветлување на случајот.