Истражувачите од Универзитетот на Јужна Флорида пронашле импровизирана гробница со коски за кои се верува дека припаѓаат на децата кои пред повеќе од 50 години се обиделе да избегаат од поправниот дом „Артур Џозиер“ и потоа без трага исчезнале.
Кристијан Велс, антрополог од овој универзитет, вели дека пронашле и делови од алат кој бил користен за закопувањето.
Поранешните ученици во ова училиште, кои сега имаат меѓу 60 и 70 години, сведочат за бруталните тепања на црните момчиња, како и нивното мистериозно исчезнување. „Џозиер“ постоел цели 111 години, а школата е затворена пред две години.
Откопувањето започнало кога форензичарите со помош на детектор и прегледувајќи стари регистри забележале 31 место на кое би можеле да се наоѓаат човекови коски.
Роднините на исчезнатите момчиња ќе направат крвни анализи, за преку ДНК анализа да се открие дали пронајдените коски припаѓаат на исчезнатите деца.