Удавеното дете на Брач е син на познат одбојкар


Детето Лука М. (13) кое се удави викендов на Брач во Хрватска, според сознанијата на медиумите е син на прославениот одбојкар Маркос Милинковиќ.

Милинковиќ е најголема одбојкарска легенда на Аргентина, а по потекло е Србин. Се оженил за новосаѓанка со која го добил синот Лука.

Во текот на кариерата играл за некои од најголемите светски клубови како Сисли од Тревизо, каде му бил соиграч на Никола Грбиќ. Им беше еден од најдобрите пријатели на браќата Грбиќ.

Шест години е биран за најдобар одбојкар на Аргентина, а три пати учестувал на Олимписките игри.

Лука и сам тргнал по стапките на татко му. Бил член на Одбојкарскиот клуб Војводина, а играл на местото примач.

Хрватските медиуми пренесоа дека во Постири на Брач е извлечено тело на дете.

Го забележале капачи во увалата Мала Лозна. Плутало на морето и не давало знаци на живот. Итната помош брзо стигнала и се обидела да го реанимира ама без успех.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1