УЕФА покрена постапка против Арнаутовиќ


По вчерашниот допис од ФФМ, Европската фудбалска централа (УЕФА) објави дека покрена истрага против Марко Арнаутовиќ за неговата претерана и некоректна реакција врз Езџан Алиоски по постигнувањето на голот за 2-1 на австриската селекција во неделата против Македонија.

Арнаутовиќ се извини за однесувањето и изјави дека не станувало збор за расистичко однесување. Сепак, УЕФА целосно ќе го анализира случајот и покрена постапка.

Напаѓачот ризикува парична казна или суспензија на барем еден натпревар. Одлуката се очекува во текот на денешниот или утрешниот ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1