Угостителите најавија самоволно затворање на објектите на две недели


Угостителите најавија дека за две недели доброволно ќе ги затворат локалите поради новите мерки кои ги воведе владата. Од Независната комора на угостители велат дека без ниту една консултација со угостителите и другите учесници во овој сектор, Комисијата за заразни болести одлучила на своја рака за новите мерки.

„Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели. Но, што ако КОВИД-бројките и натаму растат? Дали Филипче и Караџовски ќе имаат доблест и смелост да им се извинат на угостителите, да ја надоместат штетата и јавно да се признаат дека угостителските објекти не се причина за зараза туку оправдание за избегнување на одговорноста на погрешните мерки и генерални препораки за спречување на ширењето на коронавирусот, наведува претседателот на Комората, Здравко Јосифовски во дописот до медиумите.“, вели Здравко Јосифовски од Независна комора на угостители.

Веднаш реагираа од Комисијата за заразни болести. Од таму велат дека препораките за новите мерки целосно се базираат врз анализите на епидемиолошката состојба и епидемиолошките анкети од новозаразените со Ковид-19.

„Зачудени сме од нападите и квалификациите кон Комисијата за заразни болести од страна на Независната угостителска комора со оглед на тоа што Комисијата во изготвување на сите протоколи досега активно комуницираше со сите чинители, вклучително и со угостителите. Протоколите се на сила повеќе месеци и Комората досега немаше проблем со истите, напротив го поздравија и се согласија со нивното носење.“, велат од Комисијата за заразни болести.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1