УХМР од утре најавува страшно невреме


Времето денес е претежно сончево со услови за слаба магла по одделни котлини. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголени, почнувајќи од западните делови на земјава. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје температура до 8 °C.

Утре времето ќе облачно со врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и на планините ќе поминуваат во снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде се очекува да наврнат над 25л/м2. Ќе дува засилен јужен ветер. В недела претпладне во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од снег, а границата на снежните врнежи се очекува да се спушти и до 500 м.н.в.

Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира и на некои повисоки места. Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува

променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1