УХМР: Попладне во Скопје пороен дожд и грмежи


Променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.dozd

Во Скопје слично време, променливо облачно, поладне со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб северен ветер. Денеска ќе бидат измерени максимални 29 степени.

За време на викендот ќе биде претежно стабилно и топло, но можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја. В понеделник се очекува позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во вторник ќе продолжи да дува засилен северен ветер што ќе предизвика намалување на температурата за 5 до 10 степени во однос на претходните денови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1