УХМР: пороен дожд и силен ветер


УХМР најавува пороен дожд кој некаде ќе надмине 20 литри на метар квадратен и силен ветер од преку 70 километри на час. Во наредните денови се очекува и заладување поради продор на студена воздушна маса.

врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, проследени со силен ветер. На планините на северозапад ќе врне снег. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засилува. Во текот на ноќта особено долж Повардарието ќе дува силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд и умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Поради продор на многу студена воздушна маса од север попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување. Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. За викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка. Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1