УХМР со вонредна прогноза: Подгответе се, невремето доаѓа попладне


Подрачјето на Македонија денеска ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса поради што времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен најчесто југозадапен ветар.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), локално процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за појава на невреме.

Пообилни врнежи се очекуваат најпрвин во северозападните делови од земјава, а потоа и во источните.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 33 степени. Во Скопје максималната температура до 31 степен.

УХМР најавува дека од утре времето ќе биде променливо, а наутро доста посвежо. Дневните температури ќе бидат во постепено покачување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1