УЈП бара физичките лица да се регистрираат како ДДВ обврзници и да плаќаат данок


Управата за јавни приходи им наметна нова обврска на физичките лица кои оствариле приход над еден милион денари да се регистрираат како ДДВ обврзници. Рокот за регистрација истече пред три дена односно на 15-ти јануари. Идејата и физичките лица да се регистрираат како ДДВ обврзници наиден на остри критики во јавноста. Во образложението, објавено на сајтот на УЈП, се вели дека даночни обврзници можат да бидат правни и физички лица кои вршат стопанска дејност.

„Во вкупниот промет за регистрација за целите на ДДВ влегуваат приходите остварени врз основа на вршење стопанска дејност, како што се дејностите на вештаци и стечајни управници, приходи од земјоделска дејност, приходите остварени врз основа на договор на дело, приходите остварени од издавање под закуп на деловен простор, приходите остварени од авторски договори и права од индустриска сопственост, приходите по основ на членување во надзорен одбор и слично.“ – велат од Управа за јавни приходи.

Тоа значи дека секој кој по некој од овие основи во 2017 година заработил повеќе од 16.200 евра имал обврска до 15-ти јануари да се регистрира како ДДВ обврзаник. На тој начин годинава за секој остварен приход, освен персонален данок на доход, ќе плаќа и ДДВ од 18 или 5 проценти.

„Обврзник е секое лице кое врши самостојна стопанска дејност. Тука нема никаква промена направена во изминатиов период. Ова е од секогаш, од самото донесување на законот за ДДВ односно од 1999 година. Прашањето што се поставува е зошто ова порано не се спроведувало?“, изјави министерот за финансии Бранимир Јовановиќ.

Според законот, глобите за физичките лица кои нема да се регистрираат како ДДВ обврзници изнесуваат од 250 до 375 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1