Управата за јавни приходи(УЈП) упати повик до граѓаните да ги платат заостанатите сметки за Радиодифузна такса, во спротивно најавуваат дека ќе започнат со присилна наплата.
„Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат“, се вели во соопштението од УЈП.