Упаравата за јавни приходи распиша оглас за продажба на движен и недвижен имот, запленет по основ на неплатени даночни обврски.
На продажба се нудат деловни објекти, но и повеќе видови возила „мерцедес“, „опел“, „форд“, „фиат“ со почетни цени од 2.000 евра нагоре.
Интересно е што во огласот УЈП на продажба нуди и запленети музички цд-иња од Здравко Чолиќ, Мизар, Нокаут и други изведувачи.