Вчера во 13.28 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во реката Вардар, во правец на последна автобуска постојка на линијата „5″ кај паркот Лисиче, имало возило кое најверојатно излетало од патот.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, велат од МВР, утврдиле дека се работи за патничко возило фолксваген голф, со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н. (54), а кое било пријавено за одземено од пред неговиот дом на ул. „Бриселска“ на 29 јанаури во полициската станица Карпош.
Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита возилото било извадено.