Украден лаптопот на лекарот на Шумахер, наскоро се ќе се дознае за неговата несреќа


Семејството на Михаел Шумахер е во паника, откако беше украден лаптопот на докторот Јоханес Палја, кој се грижи за здравствената состојба на еден од најтрофејните пилоти во најбрзиот циркус на денешницата. Компјутерот е украден од клиниката каде што работи лекарот, а семејството на Шумахер стравува дека крадецот би можел да ги продаде податоците за вистинската состојба на германскиот возач.sumaher

Пајл (60) веќе една година се грижи за здравствената состојба на Михаел, а последните неколку месеци е и во тимот од 15 лекари задолжени за домашното лекување на пилотот.

Шумахер, кој во кариерата има освоено седум титули во Формула 1, се опоравува од тешка повреда на главата со која се здоби на крајот од 2013 година на скијање на француските Алпи. Тој повеќе од половина година беше во индуцирана кома во болницата во Гренобл. Германецот потоа беше префрлен во центарот за рехабилитација во Лозана, а моментно е на домашно лекување во Женева.

Германските медиуми пренесуваат дека во клиниката на доктор Јоханес е провалено минатата недела, а покрај компјутерот во кој се информациите за болеста на Михаел, биле украдени пари и лекарски рецепти. Она што најмногу го вознемирува семејството на Шумахер е крадењето на лаптопот во кој има доверливи информации за неговата здравствена состојба.

Освен Михаел, пациенти на доктор Палја се уште Нико Розберг, Далај Лама…

Семејството Шумахер последниве неколку месеци не изнесува многу податоци за неговата состојба. Германските медиуми се повикуваат на неофицијални информации дека пилотот се уште е во тешка состојба и дека не може да зборува, да оди и дека само повремено е свесен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1