Украдена како бебе од родилиште во Флорида, пронајдена 18 години подоцна! ФОТО


Девојката Камаја Мобли која како новороденче ја украле од болницата на Флорида, е пронајдена жива по 18 години, објави полицијата од Јuжна Каролина. Властите ја уапсиле жената која што ја одгледувала Камаја, Глорија Вилијамс (51) во Волтерборо, Јужна Каролина под обвинение за киднапирање и спречување на старателство, рекол шерифот, и ќе биде испорачана на Флорида. Ѝ се заканува казна доживотен затвор. Глорија сега се наоѓа во притвор, објавија светските медиуми.zena bebe

Шерифот на градот Џексонвил Мајкл Вилијамс изјавил вчера дека Камаја Мобли е идентификувана со анализа на ДНК и додал дека таа не ни знаела кое име го носела по раѓањето, пренесе АП.

– Таа изгледа со добро здравје и е „нормална 18-годишна жена“, но е шокирана и збунета поради ова сознание – рекол шерифот Вилијамс на конференцијата за новинари. Откако полицијата со ДНК тестот го утврдила нејзиниот вистински идентитет, ги информирале биолошките родители на девојката, за чиешто киднапирање во текот на годините добиле повеќе од 2.500 дојави. Една од тие дојави минатата година најпосле вродила со плод и помогнала случајот да се реши.

– Оваа млада жена е киднапирана како новороденче и ќе ѝ бидат потребни време и помош сето ова да го прифати – рекол Вилијамс.C2EYw9LWQAAWnvI

Биолошкото семејството на 18-годишната девојка било воодушевено кога ја слушнало веста.

– Жртвата на киднапирање ќе одлучи кога и како ќе бидат идните контакти со биолошкото семејство – рекол шерифот.

Властите ја пронаше Камаја преку информациите од Националниот центар за исчезнати и искористувани деца. Живеела под друго име кое ѝ било дадено во лажните документи.

Бебето било старо само неколку часа кога жена облечена како медицинска сестра го киднапирала од мајчината соба, според извештајот за тој случај од 1998 година.

Во 1998 година од породилиштето ја киднапирала жена која се претставила како медицинска сестра, неколку часа по раѓањето. Полицијата веднаш покренала голема истрага и ја запечатила болницата, но не успеала да го пронајде девојчето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1