Украдена ѕвездата на Горан Пандев од плоштадот во Струмица


Од Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица денеска е искорната плочата со ѕвезда на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев.

Ѕвездата е поставена во 2010 година кога Пандев ја освои титулата европски и светски шампион со италијанскиот Интер, односно истата година кога е изграден новиот струмички плоштад.

Граѓаните на Струмица, кои денеска поминува низ плоштадот го осудуваат вандалскиот чин и повикуваат надлежните веднаш да ги откријат сторителите.

И од општина Струмица го осудуваат вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на нашиот фудбалер Горан Пандев и случајот го пријавиле во полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1