Украдени 60 државни лимузини во Русија


Агенти на рускиот FSB кои е наследник на славниот KGB, добиле задача да ги пронајдат околу 60 украдени луксузни автомобили, меѓу кои и култниот советски ,,жилов,, кои мистериозно исчезнале од магацинот на руското министерство за одбрана.

Истражителите се сомневаат дека автомобилите се продадени на приватни колекционери, објавува Известија. Фабриката Зил е основана во 1916. а произведувала од автомобили до камиони и тенкови. А позната била по производство на блиндирани возила за руските политичари. Се од времето на Сталин па се до распаѓањето на СССР. Во Москва дури постоеле и посебни ,,Зил,, ленти по кои членовите на политбирото возеле за време на сообраќајните гужви.

Дека недостасуваат автомобилите е утврдено за време на истрагата за корупција по смената на министерот за одбрана Анатолиј Сердјуков. Автомобилите биле дел и од музејска постава која министерот ја укинал, а вредноста на автомобилите се проценува на неколку стотици илјади евра. Во колекцијата бил и моделот ,,Зил 117,, со кој се возел во Русија екс кубанскиот претседател Фидел Кастро.

Како и ,, зил 11с,, со кои се возел Јуриј Гагарин откако се вратил од своето патешествие во вселената.

Инаку Ленин се возел во Ролс Ројс, Сталин поради страв од атентат секој ден го менувал автомобилот, а Леонид Брежњев имал колекција од 82 автомобила меѓу кои и порше, масерати, кадилак, јагуар, како и нисан кои му бил поклон од јапонски министер кои подоцна бил обвинет а шпионирање во корист на СССР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1