Ковчеже со моштите на св. Параскева, три сребрени крстови и еден манастирски печат се украдени од манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево, соопшти СВР Охрид.
Кражбата се случила ноќта меѓу средата и четвртокот (11. и 12.12). Крадецот насилсно ја скршил бравата на металната врата и откако влегол внатре насилно ја отворил и дрвената врата за влез во олтарот. Оттука ги одзел трите крстови, манастирскиот печат и ковчежето со мошите на св. Параскева, по што избегал преку малата црква „Св.Никола“ која е составен дел од манастирот.
Полицијата изврши увид на местото на настанот и презема мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.