Семејството на Џуна потекнува од Иран, а во Русија тие живееле близу езерото Урмија. Нејзиниот татко починал кога таа имала 11 години, а нејзината мајка само една година подоцна.
Според некои извори Џуна била обучена за кинооператорка, но никогаш не работела според својата професија. Според други извори пак, таа завршила медицински факултет и била распределена во Тбилиси каде се запознава со својот иден сопруг. Откако ги открила своите натприродни способности со текот на годините таа започнала да ги користи за лекување на луѓето и на животните.
Во почетокот на осумдесетите години на XX-тиот век, нејзиниот третман со раце ќе стане светски познат. После неколку години таа се преселила во Москва, каде што учествувала во многу научни експерименти.
Токму во тој период низ целиот свет се проширила приказната за темнокосата чудотворка – таинствената исцелителка која со свои раце и со натприродна моќ ги лекува најтешките болни. Иако тогашниот Советски Сојуз не ја заговарал популаризацијата на алтернативната медицина, се зборувало дека тешко болниот водач Леонид Брежнев оди кај оваа 30-годишна жена на третмани кои наводно му го продолжиле животот.
Борбата помеѓу наследниците за богатството на исцелителката на моќниците од Кремљ од советското доба Евгенја Јувашевна Давиташвили (65) следеше пред таа и воопшто да се очекува. Од нејзиниот сеф биле украдени документи за недвижнини, но и извештаи за кои што се верува дека ги содржат мрачните тајни на Кремљ.
Веднаш се наметнало и прашањето за тоа кој е крадецот и во чиј интереси било да исчезнат признанијата на нејзините пациенти, од Роналд Реган и Леонид Брежнев до Никита Михалков, кој е многу близок со сегашната руска власт, вклучувајќи го тука и Владимир Путин.
На Џуна за помош и се обраќале најмоќните луѓе на светот. Редовен клиент и бил министерот за надворешни работи на СССР, во времето на Михаил Горбачов, а подоцна грузиски претседател Едуард Шеварнадзе.
Истовремено таа го лечеше и големиот советски режисер Андреј Арсенеевич Тарковски кој тогаш веќе стекнал неформален статус на дисидент.
Кај неа доаѓале и други потчинети советски членови, странски дипломати и нивните сопруги, московската елита, големите советски уметници и меѓународни ѕвезди како Роберт де Ниро и Марчело Мастројани. Таа била блиска пријателка и со Борис Елцин.
Била толку влијателна што ја нарекувале и “советски Распутин”, споредувајќи ја со исцелителот кој што имал големо и погубно влијание на судбината на руската царска династија Романови.
Меѓутоа, Џуна никогаш не проговорила ниту збор од сето тоа што го слушнала и се очекувало сето тоа да се дознае после нејзината смрт. Но, кратко после нејзината смрт, која настапи на 8-ми јуни, кражбата на документите од нејзиниот сеф ги закопа тие надежи.
Нејзините критичари пак тврдеа дека таа одлично заработува од очајот на болните. Џунa, наводно во Москва ја довел сопругот, официр при грузискиот КГБ, како би го спасила болниот Леонид Брежнев. Докази дека таа навистина го лечела генералниот секретар на CK KPSS нема, но Џуна потоа се развела од сопругот со оглед на фактот дека сметала дека тој со тоа ја издал.
Подоцна се појавиле приказни и дека учествува во тајни експерименти на КГБ и непогрешливо ја предвидува иднината. Наводно, таа ја претскажала нуклеарната катастрофа во Чернобил, распадот на СССР и датумот на својата смрт.
И покрај скептицизмот на луѓето од научните кругови, очигледно е дека Џуна советскиот, а подоцна и рускиот политички врв ја сметал за значајна и заслужна. Неколку пати била и наградувана, а примила и високо одликување лично од претседателот на Русија, Борис Елцин.
Џуна почива покрај гробот на синот Вахтант, кој загинал во сообраќајна незгода во 2001-вата година, на 26 години. Таа тогаш побарала нејзиниот син да биде клониран, но тоа било невозможно. Џуна во очај дури сакала да роди и дете од својот син и таа да биде сурогат мајка на својата внука, но законот тоа не го дозволува. По смртта на нејзиниот син Џуна започнала да живее осаменички живот.
Замрзнатиот биолошки материјал се чува во московската клиника, па се шпекулира дека наследник на Џуна еден ден можеби и навистина би се родил
Оваа исцелителка умрела од мозочен удар, но нејзините пријатели сепак веруваат дека е убиена поради богатството, а претенденти за наследство има дури 13, главно братучеди и братучедки. Освен катот со површина од 1.200 квадрати во вилата на стариот Арбат, Џуна оставила уште пет станови во централното градско подрачје, вредни слики, дијамантски накит и наводно круната од асирската царица која се состоела од три килограми злато.
Точка.ком.мк