Украдени примероци од крв заразена со ебола!?


Вооружени крадци денеска на еден автопат во Гвинеја нападнале минибус кој превезувал рачен ладилник со примероци од крв за која се претпоставува дека е заразена со ебола

ebola-lek-652x320

Како што јави АП, властите во Гвинеја денеска преку радио ги повикале крадците да ги вратат опасните примероци од крв што, во придружба на четворица работници на Црвениот крст, биле превезувани во изнајмено возило зашто службата немала сопствен превоз.

– Заразената крв во рацете на крадците е мошне опасна работа. Се уште не е јасно зошто ги зеле примероците од крвта. Претпоставуваме дека помислиле дека во рачниот ладилник се скриени пари, изјави локален функционер.

Лекарот Бари Моуми, кој учествува во националната програма за сузбивање на еболата, најави дека ќе ги засилат мерките за обезбедување при превоз на заразената крв за во иднина да се одбегнат слични инциденти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1