Украдените икони од Македонија да и останат на Албанија – бара албанскиот обвинител


Обвинителство во Тирана побара судиите да го прогласат за виновен и да го осудат на девет години затвор колекционерот Ѓерг Тимио (51) од Kорча кој беше фатен со стотици украдени икони меѓу кои и 20 од Македонија. Обвинителот Ервин Kаранџа побарал сите запленети предмети да преминат во сопственост на државата, пренесува Дненвик.

ikoni– Сите предмети што се запленети кај Ѓерѓ Тимио треба да преминат во сопственост на државата – рекол Kаранџа.

Сепак, и да се случи тоа, Македонија ќе ги добие назад иконите за кои се докажало дека потекнуваат од земјава.

Во меѓувреме обвинителите бараа соработникот Арбен Спахо (42) да биде осуден на седум години затвор. Спахо не бил во судница додека Тимио не само што не ја признал вината туку ја обвинил полицијата дека во неговиот „приватен музај“ имало три илјади експонати кои не постојат во ниту еден записник.

Албанската полиција во акцијата „Икона“, реализирана во почетокот на октомври лани, заплени 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети, кои потекнуваат од средниот век. Kога полицијата го откри магацинот со икони и други вредни предмети, Тимио тврдеше дека е колекционер. Истрагата се прошири и меѓу вработените во Националниот центар за културно-историски дела, за кои постои основано сомневање дека му помогнале да ги запише како негови, иако не поседувал никаков документ. Сепак, по с` изгледа, нема да има други осомничени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1