Украина му се заканува на Горан Бреговиќ со затворска казна


Министерството за надворешни работи на Украина бара итни санкции за музичарот и кантавтор Горан Бреговиќ, кој, како што наведува украинската новинска агенција УНИАН, без нивно знаење влегол во оваа земја.

smh arts. supplied pics of goran bregovic

Имено, Горан Бреговиќ на 25 март отпатувал во Симферопол на Крим, без да ја помине официјалната контрола на украинската граница, што, како што наведе портпаролот на украинското МНР Јевгениј Перебеинис, е казниво според законите на оваа земја.

„Законот предвидува 15 дневна затворска казна, парична казна и забрана за влез во земјата“, рече Перебеинис.

Концертот на Бреговиќ закажан за 16 мај во Киев е откажан, пренесува руската агенција ТАСС, а се разгледува и опцијата и за трајна забрана за влез на Бреговиќ во Украина, кој во Севастопол имаше промоција на албумот „Шампањ за Цигани“.

Бреговиќ изјави дека не е загрижен за можните санкции.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1