Украинска супермоделка единствен сведок на убиството на Борис Немцов


Во тек е истрагата за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов во центарот на Москва и се разгледуваат сите можни мотиви за злосторството, како и верзиите за неговата политичка дејност, така и за личните непријателства. Како што јавуваат руските медиуми, последните часови Немцов ги поминал со украинската супермоделка Ана Дурицкаја (23).

Истражните органи сметаат дека убиецот е професионалец и дека бил запознаен со движењето на Немцов, пренесува „Спутњик“.ana-durickaja3

Во тек е испитување на очевидците на убиството на рускиот опозиционен лидер, а истрагата се води во повеќе правци, било објавено на официјалната интернет-страница на руското истражно биро.

Немцов е убиен синоќа околу 23.15 часот. Најголемиот критичар на актуелниот руски претседател Владимир Путин е убеин со осум куршуми додека шетал на мостот со неговата познаничка која пристигнала од Киев.

На Немцов му пришил автомобил од кој биле искупани неколку куршуми од кои четири го погодиле во грбот.

23-годишната манекенка Ана Дурицкаја која била со него во моментот на убиството, се наоѓа на испитување во едно од одделенијата на градската полиција како единствен сведок на убиството. Според неофицијалните информации, двајцата вечерале во ресторан во трговскиот центар Гум на Црвениот плоштад. Потоа изглегле на улица и оделе пешки.

– Нема сомнежи дека злосторството е планирано, и дека внимателно е одбрано местото на кое е извршено убиството – се додава во соопштението
Руските истражни органи водат истрага за убиството на Немцов во неколку правци, вклучувајќи ја и можноста дека станува збор за обид да се дестабилизира полтичката ситуација, јавува агенцијата „Интерфакс“.

Агенцијата исто така наведува дека се разгледува и можноста дека станува збор за напад од страна на радикалните екстремисти, како и тоа дека убиството на Немцов би можело да биде поврзано со случувањата во Украина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1