Украле сеф од пошта, не успеале да го отворат и го оставиле


Непознати сторители вчера или завчера ја исекле железната решетка и насилно ја отвориле алуминиумската влезна врата од поштата во струшкото село Велешта по што влегле внатре и од една од просториите одзеле метален сеф.sef

Како што информира МВР, потоа со употреба на штица го туркале низ скалилата се до асфалтниот пат, каде го оставиле по што го напуштиле местото на настанот.

Во присуство на екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Струга, металниот сеф бил отворен од раководителот на поштата, при што било констатирано дека сторителите не успеале да го отворат.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1