Времето утре во Македонија ќе биде умерено облачно, во текот на денот локално ќе има зголемување на облачноста со повремен дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови.
Температурата ќе се движи од 12 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде умерено облачно. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
Температурата ќе достигне до 22 степени.
Од утре до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, особено во недела. Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од западен правец.
Во вторник ќе биде посвежо со засилен ветер од северен правец, а врнежите на планините ќе преминуваат во снег.
Од среда ќе биде стабилно и потопло.