Осуден убиец во САД по речиси два часа борба со смртта починал во големи маки. Долго време откако ја добил смртната инјекција човекот се борел за воздух.
Ова е трет случај на неуспешно изведување на смртна казна, која во САД годинава предизвикува шокираност. Одговорна повторно беше отровната мешавина, која не делуваше успешно.
Повеќе од еден час двојниот убиец осуден на смрт, Џозеф Вуд, се бореше за воздух, извести неговиот адвокат. Уште во текот на погубувањето адвокатот поднел барање по брза постапка до Сојузниот суд, да се стопира борбата со смртта.
Тие наведуваат дека егзекуцијата треба да трае најмногу десет минути, додека Вуд губел здив „повеќе од 600 пати пред да почине“.
Кога пристигнало решението од Сојузниот суд со кое се одби барањето, Вуд веќе бил починат. Адвокатот на Вуд говореше за „промашена егзекуција“ која всушност не смеела да трае подолго од десет минути.
Пред неговото погубување Вуд залудно се жалеше до Врховниот суд, за да добие повеќе информации за отровната мешавина.
Погубувањето на Вуд (55), двоен убиец, извршено е во државата Аризона.
Гувернерот на Аризона Џен Бруер нареди целосна истрага за егзекуцијата иако нагласи дека „Вуд починал на начин што е предвиден со законот“.
Неговите адвокати сметаат дека со погубувањето, кое траело подолго од еден час, е нарушено неговото право да биде погубен на начин кој исклучува сурова казна и мерка која не е вообичаена, како што е предвидено со американскиот Устав“.
Тие бараат од властите во Аризона да го именуваат производителот на лекови кои се употребени за егзекуција.