Умирам од срам- бразилската студентка опишала како завршила во кревет со Болт


Раскалашениот Усеин Болт од Јамајка, откако освои три златни медали во Рио, се разбуди во прегратка на девојка, но не својата девојка со која е две години, туку непозната 20 годишна студентка.

Џади Дуарте, вели дека откако фотографиите се споделени на социјалните мрежи, умира до срам.болт-520x221

-Никогаш не сакав ваква слава, умирам од срам – рекла Дуарте, која фотографијата ја споделила по пат на Ватсап со своите пријателки, но не очекувала дека ќе ги види цел свет – рекла таа.

Локалните весници тврдат дека Дуарте не знаела кој е Болт, и покрај светската слава која овој спринтер ја има.

Раскажала како била со пријателите во клубот ОлИн на западот на Рио, кога Болт ја здогледал.

-Го прати обезбедувањето да ме викнат. Кратко поразговаравме, но тогаш не знаев кој е, бидејќи беше во друштво на луѓе од Јамајка кои слично изгледаа.

Се појавиле гласини и како Болт на Инстаграм ја следи Дуарте која е една од 104 луѓе кои ги следи, но докази за тоа нема.

Спринтерот кој во неделата наполни 30 години е во сериозна врска со Каси Бенет(26).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1