Умре белецот од Кју Клукс Клан кој јавно му се извини на црнец (Видео)


elvin vilson

Елвин Вилсон, поранешен член на ККК ( Кју Клукс Клан) кој се извини за неговото расистичко минато и посебно за претепување на црнец кој стана конгресмен на САД, почина на 76-годишна возраст.

Тој привлече внимание кога јавно му се извини на пратеникот во Претставничкиот дом од Џорџија, Џон Луис за претепување.

Имено тој пред повеќе од 50 години бил ,,заколнат,, расист како што вели и учествувал во неколку претепувања на црни момчиња. Едно од нив го претепале на автобуска станица, а момчето едвај преживеало.

Тоа црно момче потоа станало конгресмен. Вилсон вели со години го носел искреното извинување и жал во себе но немал храброст да признае. 

kkk1kkk

Во моментот кога бил претепан Џон Луис бил дел од невладина кампања за поголеми права и свесност во земјата. Сега пратеникот во Претставничкиот дом од Џорџија, Џон Луис бил претепан на автобуска станица во Јужна Каролина пред околу 50 години.

“Мојот татко секогаш ми велеше дека будала никогаш не го менува мислењето, а паметен човек се предомислува. И тоа е она што го направив, и не се срамам од тоа”, изјави Вилсон за Си-Ен-Ен во 2009 година.

belec koi se izvinil na crnec

“Се чувствувам како да му се извинувам на светот токму сега”.

Луис, кој се појави во истото шоу, рече дека му простува на Вилсон.

“Тоа е многу во согласност со филозофијата и дисциплината на ненасилство, да се има способност, капацитет, да се каже ‘Жал ми е, прости ми’, а оној што е нападнат ќе каже дека ви простува. Бидејќи омразата е премногу тежок товар да се носи”, рече Луис.

Тој рече дека Вилсон беше првиот и единствениот човек кој го нападнал и му се извинил за тоа. “Можеби Вилсон ќе ги инспирира другите да истапат”, рече Луис. (Си-Ен-Ен)

Ова е видеото од нивното гостување на телевизија веднаш откако се сретнаа во Вашингтон. Брутално искрено интервју, рече новинарот и додаде – гледајте и обратете внимание.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1