Унгарската снимателка која сопна бегалец осудена условно на три години затвор


Унгарската снимателка Петра Ласло која стана позната по своето жално и срамно поведение, кога во близина на унгарско-српската граница, додека снимаше, со нога сопна мигрант кој во раце држеше дете, е осудена условно на три години затвор. Судот во Сегедин одлучи дека нејзиното однесување било непреимерно, откако детално ги проучи снимките.

-Поротата немаше сомнеж да одлучи дека обвинетиот е виновен за нарушување на мирот, како што стои и е казниво според кривичнот закон, член 339, параграф 1.ungarska snimatelka begalec

Настанот се случи на 8 септември 2015 година, неколку дена пред унгарскиот премиер Виктор Орбан да нареди подигање на ѕид од бодликава жица на границата со Србија.

Ласло во случајот се обиде да сопне повеќе бегалци, но тоа и успеа со сиријскиот бегалец Осама Абдул Мошен, додека се обидуваше да побегне од унграската полиција носејќи го во раце својот син. Човекот паѓа, по што со доза на револт и неверување ја погледнува жената, додека неговиот мал син Заид се расплакува.

Ласло не присуствуваше на изрекување на пресудата, но на судиите им се обратила со посредство на видео-линк и со солзи во очи рекла дека не е виновна и дека ќе се жали на пресудата. Адвокатаот на Петра натаму тврди дека таа се почувствувала загрозена и дека срамниот гест го направила во самоодбрана.

-Мојот клиент доби смртоносни закани и 20 илјади евра крвави пари беа ставени за нејзнината глава од страна на група која се идентификува како муслимански екстремисти. Затоа поротата, на барање на одбраната, одлучи за оваа безбедносна мерка.

Снимателката беше отпуштена од тв станицата Н1 Тв, вднаш по немилиот настан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1