Унгарските туристи најдени живи во Охридското езеро


Патролите на езерската полиција попладнево, околу 13 часот ги пронајде унгарските државјани по кои започна потрага под сомнение дека се исчезнати, јавува Охридњус.

ohridТројцата мажи и двете жени  полицијата ги затекнала како со чамци се движат во правец од Радожда кон Охрид. Тие,откако биле пресретнати од полицијата, стапиле во контакт со дипломатското претставништво на Унгарија во Скопје каде случајот исто така бил пријавен.

Унгарските државјани се повикани на информативен разговор во езерската полиција каде треба да дадат објаснување за случајот кој ја вознемири јавноста.

Унгарските државјани со возило во понеделникот околу 11 часот пристигнале во авто- кампот Градиште кој во моментов е затворен. Откако замолиле, им бил дозволен влез на неколку часови , но тие не се појавиле во кампот од каде требало да заминат во 17 часот.

Откако и следниот ден не се вратиле чуварите од кампот, случајот  го пријавиле во охридската полиција која денес по интензивна потрага ги пронајде петмината унгарски државјани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1