Вкупно 150 велосипеди се уништени и истите веќе не се во употреба, а девет се украдени од 2010 година, кога почна со реализација проектот „Изнајми велосипед“, до јуни 2014, информира Град Скопје.
Од почетокот на новата сезона за изнајмување велосипеди, пак, за само три месеци се уништени шест велосипеди на ЈП „Градски паркинг“.
„Екипите на претпријатието секојдневно вршат поправки и ги сервисираат велосипедите за тие да бидат безбедни за користење. Ако некој украде велосипед, ЈП „Градски паркинг“ кражбата ја пријавува во полиција, односно поднесува пријава за кражба или пријава за затајување туѓа сопственост. Потоа, полицијата трага по сторителите“, соопшти Град Скопје.
Од таму апелираат до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат изнајмените велосипеди