Универзитет им нуди кокаин на студентите за експеримент


Лондонскиот универзитет Кралски колеџ (King’s College) испратил писмо до стотици студенти, нудејќи им да учествуваат во експеримент со кој треба да се утврди влијанието на тешките дроги врз организмот, пишува во петокот весникот Evening Standard.

kokainИстражувањето претпоставува „употреба на кокаин преку носната празнина” и ќе се одржи под строг надзор на Одделот за клиничка токсикологија при болницата Свети Тома во Лондон. Покрај тоа, проектот бил одобрен од страна на Комитетот за прашања од етиката при администрацијата на областа Вестминстер.

Учество во експериментот нема да им биде дозволено на зависници од дроги, како и оние кои студираат медицина и стоматологија. Оние што ќе влезат во програмата ќе добијат „соодветен надомест”.

„По употребата на кокаинот од вас ќе бидат земени биолошки примероци: крв, урина, коса, пот и плунка, за проучување како наркотикот се распространува во човечкиот организам”, се вели во писмото на универзитет.

Учесниците во студијата, исто така, нема да смеат да ја бојадисуваат или стрижат косата следните четири месеци, додека научниците не ги одредат долгорочните ефекти на дрогата врз организмот.

Кралскиот колеџ, инаку, е познат и претходно по своите експерименти во врска со употребата на забранети супстанции поради одредување, на пример, на генетските последици или можноста за легализирање на одредени супстанции.

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1