Почнуваат уписите на првачињата во сите основни училишта во Штип. Соња Николова, советник во Одделението за обраозвание во Општина Штип, денеска на прес-конференција рече дека уписите за првачињата родени од 1 јануари 2011 до 31 јануари 2012 година почнуваат од 2 мај.
Според податоците што ги има Одделението, во штипските основни училишта на 1 септември 2017 година во клупите треба да седнат 518 првачиња. Николава посочи дека за разлика од минатата година бележат намалување на бројот за околу 50 првачиња. Но колку вкупно ќе се запишат, ќе знаат на почетокот на новата учебна година.
– Потребни документи за запишување се извод од матична книга на детето, потврда за примени вакцини и потврда од стоматолог, а документите се доставуваат до училиштата, вели Николова.
Надлежните од училиштата ги посетиле родители што имаат првооделенчиња за запишување. Се апелира да се почитува реонизацијата и да се запишуваат во најблиското училиште.