Упорен е: 158 пати се кандидирал на избори – секогаш губи


Индиецот К. Падмарајан досега 158 пати се кандидирал на избори за различни нивоа на власата, но ниту еднаш не бил избран на некоја функција, што го прави најголем жив политички губитник и рекордер по бројот на неуспешна кандидатура.

117165572Падмарајан, кој е сопственик на работилница за поправка на велосипеди, првпат се кандидирал на избори во 1988 година. Во изминативе 26 години за финансирање на различните негови кандидатура тој потрошил 1,2 милиони рупии (околу 15.000 евра).

Најдобриот резултат го остварил во 2011 година кога добил 6.273 гласови на изборите за членови на Парламентот на неговата родна држава Тамил Наду во јужниот дел на Индија, но сепак не станал пратеник.

Падмарајан вчера неуспешно се натпреваруваше за влез во Парламентот на државата Гуџарат, што беше негова 158-ма кандидатура.

Пред Падмарајан, индискиот рекорд по број на неуспешни кандидатури го држеше Кака Јогиндер Синг кој се кандидрал дури 300 пати. Синг починал во 1998 година, со што Падмарајам е најголем жив губитник.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1