Упорна до својот сон: Прва со диплома во семејство кое едвај врзувало крај со крај


Ниту еден од родителите на Јелена нема универзитетска диплома. Двајцата работеле напорно за малку пари. Во 1999, со надежи дека ќе обезбедат подобра иднина за своите деца, тие ги спакувале сите работи и со шестте деца, сите помлади од 6 години, избегале во САД. Приказната за Јелена ја пренесува Факултети.мк

20130913-zoshto-aplicirav-za-100-stipendii-za-studiranje-1Јелена сакала да студира и да има добра иднина и со тоа да го направи она што нејзините родители го посакувале за неа и го ризикувале животот за да и’ го овозможат. Знаела дека мора да пронајде начин за финансирање на факултетот. Денес, таа е најстара од десетте деца во семејството и првата која дипломирала на факултет.

Студирала на приватен универзитет со годишна школарина од 20.000 долари и дипломирала како една од најдобрите студенти во генерацијата, со диплома во финансии и економија, со студентски долг од само 4.500 долари. Како успеала да го постигне тоа самата?

Нејзините родители немале доволно пари за пристоен живот и таа морала да ги преземе работите во свои раце. За време на последната година во средното училиште го трошела слободното време за барање и пријавување за стипендии. Ги замолувала своите професори, ментори и училишните администратори за препораки и информации за можни стипендии.

Додека праќала пополнети пријави за секакви стипендии, таа открила фондација во нејзината околина која собира донации за фундирање на стипендии. Фондацијата и’ овозможила да се пријави за уште многу повеќе стипендии.

Јелена се пријавувала за секаква стипендија за која може, без разлика на сумата. Потоа, се обидела да пронајде стипендии и преку „Гугл“. Едноставно, напишала „стипендии“ во пребарувачот и ги разгледала сите. Тогаш дознала за многуте опции кои им се нудат на оние кои сакаат да учат. До крајот, таа се пријавила за речиси 100 стипендии и добила 5 стипендии во првата година, како и финансиска помош од министерството за образование на САД.

Успеала да добие доволно пари за да ја покрие школарината, да купи книги, компјутер и да ги покрие трошоците за превоз до факултетот во првата година. За жал, некои од стипендиите кои ги добила во првата година биле еднократни награди и таа немала доволно пари за наредната година и голготата во потрага по пари почнувала одново. Но успеала – Единствениот студентски кредит кој го земала бил за плаќање на студентска програма во Лондон летото по втората година од студирањето.

Јелена моментално го живее својот американски сон.

www.fakulteti.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1